Карасманакис го скрши прстот и не оди на ЕП, Лазаров повика нов ракометар

Прво откажување во македонската ракометна репрезентација за настапот на Европското првенство во јануари идната година. Репрезентавниот пикер Валентин Карасманакис нема да патува на ЕП во Данска, Норевешка и Шведска откако се здоби со скршеница на прстот, повреда поради која ќе мора да паузира најмалку еден месец, што значи дека сонот за ЕП за него е завршено.

Повредата на ракометарот се случи во миговите кога македонскиот национален тим се подготвува за успешен настап на ЕП. Поради оваа повреда, Кирил Лазаров го повика искусниот Никола Маркоски.

Македонија утре патува за Пореч, каде ќе ги продолжи подготовките, и ќе одигра контролен натпревар против Хрватска. После тоа продолжуваат подготовките, а предвидени се и контролни натпревари против Бахраин, Украина и Швајцарија, како и со уште еден противник.

Македонија на ЕП ќе игра во Хернинг во Данска, во група со домаќинот, потоа Португалија и Романија.

Се вчитува...