Карате клубот од Макпетрол е дефинитивно најуспешниот македонски карате клуб низ годината што изминува, за што потврда се и наградите за Спортист на Скопје за 2024 година.
Дури шест каратисти на КК Макпетрол се закитија со признанија на свечената церемонија организирана од Сојузот на Спортови на Скопје под покровителство на Град Скопје.
Во младинска категорија меѓу десетте најуспешни спортисти се најдоа тројца членови на Макпетрол. Второто место му припадна на каратистот Стефан Стојановиќ додека третата награда ја освои Витомир Трајковски. Листата од десет најуспешни ја комплетирааше уште еден каратист на Макпетрол, Данило Божовиќ.
Во сениорска категорија меѓу десетте најуспешни спортисти се најдоа и Петар Заборски, Симона Заборска и Петар Спасеновски.
Овие признанија се уште еден доказ за посветената и професионална работа на карате клубот Макпетрол, кој останува синоним за овој спорт во Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА