Kaрате репрезентацијата на Светско екипно првенство во Памплона

Македонската машка екипна сениорска репрезентација во ката и кумите, пристигнаа во Памплона, Шпанија каде овој викенд од 22-24 ноември 2024 година ќе се борат помеѓу 20 најдобри тимови во светот.

Нашиот машки кумите тим под водство на селекторот Александар Кузамовски и репрезентативниот кумите состав: Стефан Стојановиќ, Данило Божовиќ, Берат Јакупи, Мурсељ Мисими, Петар Спасеновски, Матеј Белистојаноски, Љупче Михајлов и Емил Павлов во групната фаза ќе се сретнат со Австралија, Иран и Италија по распоред како што следи во табелата:

Нашиот машки кaтa тим под водство на селекторот Стојан Андриевски и репрезентативниот ката состав: Андреј Стојановски, Марко Поп Тодоров и Марко Димовски  во својата група А ќе се сретнат со Италија, Бразил, Саудиска Арабија и Египет.

Се вчитува...