Каратето ќе има многу кратка олимписка кариера. Овој спорт нема да биде на листата учесници на Игрите во Париз во 2024 година што значи дека ќе биде рамноправен со олимписките спортови само во Токио во 2020 година. Меѓународната карате федерација изразува жалење што организаторот на Игрите во Париз не пронаоѓа интерес да го продолжи животот на каратето во олимпизмот.
„Нашиот спорт порасна многу во последниве години. Ќе имаме можност да ја демонстрираме неговата вредност на Игрите во Токио во 2020 година кога ќе дебитираме во олимпиското семејство. Изминативе месеци работевме многу напорно за да обезбедиме учество и во Париз во 2024 година. Верувавме дека ќе исполнивме сите барања, но ете нашиот сон нема да се исполни“ – изјави претседателот на Интернационалната федерација, Антонио Еспино.
Каратето доби шанса да биде дел од Игрите на предлог на домаќинот Токио.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА