Во периодот од 18-25 Јануари, каратистите на Макпетрол успешно го завршија еднонеделните заеднички подготовки во склоп на проектот “Карате – пронајди го својот пат’. Тие заедно со Хрватските клубови Хрватски Драговољац – Загреб и Карате клубот Самобор – Самобор, на еднонеделните подготовки тренерите и каратистите, разменија стекнати знаења , искуства и се реализираа голем број на добри практични задачи, со младите каратисти.
Ова беше исто така одлична можност да направиме и подготовки за нашите репрезентативци кои треба да учествуваат на европското првенство во Лимасол, Кипар.

„Многу сум задоволен од заедничката соработка на нашите клубови. За време на еднонеделниот тренажен период, успеавме да размениме искуства и стекнати знаења за голем број на техники од специфичниот дел на карате спортот“, изјави тренерот на Макпетрол, Петар Заборски.
Нашите репрезентативци кои треба да настапат на Европското првенство за кадети, јуниори и постари јуниори (У21), во Лимасол, Кипар, во првата недела од месец Фебруари, имаа добра можност за да ја подигнат својата форма на повисоко ниво. Заедничката соработка на нашите карате клубови ќе продолжи и во иднина,
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

