Каратистите на КК Макпетрол, членови на македонската репрезентација, освоија пет бронзени медали на Балканското првенство за кадети, јуниори и младинци, кое се одржа викендов во Сараево, Босна и Херцеговина.
Стефан Стојановиќ (+84 килограми) и Данило Божовиќ (-84 килограми), во конкуренција на младинци до 21 година, освоија по два бронзени медали, по еден во поединечна конкуренција и еден во екипно, а бронзен медал освои и Јована Мицовска во категоријата -61 килограм.
Тие освоија вкупно пет медали во поединечна и екипна конкуренција во дисциплините кумите (борби), од кои три медали во поединечна конкуренција и две медали во екипна конкуренција.
На Балканското првенство за кадети, јуниори и У-21 во Сараево, учество земаа 1.234 каратисти од 13 држави.
РЕЗУЛТАТИ БАЛКАНСКО ПРВЕНСТВО
+84 кг
Стефан Стојановиќ – Углеша Пејовиќ (Србија) 1-0
Стефан Стојановиќ – Норик Халилосмани (БиХ) 6-0
Стефан Стојановиќ – Петрос Стефанидис (Грција) 1-1
Репасаж
Стефан Стојановиќ – Умит Ерџан (Турција) 3-3
За бронза
Стефан Стојановиќ – Душан Бијелиќ (Црна Гора) 4-2
-61 кг
Јована Мицовска – Јована Чалиќ (Црна Гора) 8-0
Јована Мицовска – Сена Кизиласлан (Турција) 3-6
Репасаж
Јована Мицовска – Лариса Адријана Ивашчу (Романија) 6-0
За бронза
Јована Мицовска – Нурсена Атиџи (Турција) 6-1
-84 кг
Данило Божовиќ – Кемал Незириќ (БиХ) 3-2
Данило Божовиќ – Дејан Миленков (Бугарија) 0-0
Данило Божовиќ – Немања Микулиќ (Црна Гора) 2-9
За бронза
Данило Божовиќ – Александар Новицки (БиХ) 3-0
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА