Каратистите Стојановиќ и Трајковски во финалето на младинското СП

Македонските каратисти продолжуваат да жнеат медали на големите натпреварувања. На Светското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори У21, Македонија веќе има обезбедено два медали.

Во категоријата до 84 килограми во У21, Витомир Трајковски обезбеди финале на убедлив начин добивајќи дури пет борби. Во финалето кое е во недела тој ќе се бори со Италијанецот, Матео Фиоре.

До финалето стигна и Стефан Стојановиќ во категоријата над 84 килограми исто така во У21. Тој до финалето исто така доби пет борби, а таму ќе се сретне со Санад Суфјани од Саудиска Арабија.

 

Се вчитува...