Македонската репрезентација во традиционално карате отпатува за Виена, каде од 16. до 18. март ќе земе учество на Европскиот Фудокан Карате Куп „Дунав Опен 2018“ за сениори, јуниори, кадети и деца. Македонската селекција во традиционално карате ќе настапи во следниот состав: Дејан Недев, Јадранка Недев, Емилија Јанчевска, Димитри Влахо, Иван Трпковски, Димитар Витанов, Дамјан Таневски.
Пред натпреварот ќе се одржи и карате семинар со д-р. Илија Јорга 10 дан, а натпреварите ќе се одржат според ИТКФ натпреварувачките правила во сите дисциплини во традиционалното карате.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА