Македонските каратисти Витомир Трајковски и Стефан Стојановиќ се закитија со бронзени медали на Европското првенство за кадети, јуниори и У-21 кое викендов се одржа во Ларнака, Кипар.
Трајковски и Стојановиќ запишаа голем успех за македонското карате, продолжувајќи ја својата низа медали на големите натпреварувања откако минатата година освоија сребрени медали на Светското првенство за кадети, јуниори и У-21 во Коња, Турција.
За жал, Викторија Јовановска не успеа да донесе уште еден бронзен медал за Македонија. Нејзината борба со Мартина Куртеш од БиХ заврши 3-3, но противничката прва освои поен во продолжението и затоа се закити со бронзениот медал.
На Европското младинско првенство настапија 1136 каратисти од 41 држава од Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА