Каратистката Јованоска ќе биде дел од ЛОИ 2020

Македонската каратистка Пулексенија Јованоска ќе биде дел од Летните олимписки игри, потврди Македонскиот олимписки комитет. Таа на ЛОИ ќе настапи во дисциплина на кати, натпреварување кое ќе биде за првпат дел од најголемата спортска смотра.

„Олимпискиот стипендист на МОК и членот ма Карате федерацијата на Македонија, Пулексенија Јованоска е седмиот македонскиот спортист кој ќе учествува на Олимписките игри! Честитки за Пуликсенија која ја доби довербата од МОК и ИОК и доби покана за учество на ОИ ТОКИО 2020, во дисциплината Кати“, стои во соопштението од МОК.

За потсетување, Јованоска е најдобрата македонска каташка во историјата и девојка која во 2019 година беше избрана и за најдобра спортистка на Македонија.

 

Се вчитува...