Каратистот Фаик Весели ќе биде носител на медал од Младинските Олимписки игри во Буенос Аирес. Тој обезбеди пласман во полуфиналето во категоријата до 61 килограм. Ова значи и најмалку бронзен медал за нашиот каратист.
Весели во битката за финалето ќе се сретне со Јапонецот Масаки Јамаока. Борбите за медали се закажани за вечерва во 20 часот по македонско време.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА