Каратето и понатаму го има приматот на најуспешен спортист што се однесува до медалите на големите натпреварувања. По Берат Јакупи, кој се закити со златен медал, Жарко Арсовски го донесе второто одличје за Македонија на Медитеранските игри во Тарагона. Тој освои бронза во категоријата над 84 килограми.
Жарко Арсовски во борба за бронзениот медал беше подобар од Италијанецот Симоне Марино. Претходно, го совлада и каратистот од Португалија, Реис Филипе, во второто коло загуби од Алжирецот Даики Хусин.
Одличните настапи на Жарко Арсовски и на Берат Јакупи, како и останатите македонски каратисти, влеваат голема надеж дека Македонија ќе може да конкурира за медал и на Олимписките игри во Токио 2020 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА