Охридска банка Сосиете Женерал неодамна го започна својот караван на средби со малите и средни претпријатија низ земјата. Целта на овој караван е непосредна комуникација со клиентите и отворена дискусија за сите предизвици со кои се соочуваат компаниите, како и експертски пристап во насока на подобрување на работата на компаниите и унапредување на меѓусебната соработка.
Во центарот на вниманието на овие работни средби беше неодамна пласираната кредитна линија во соработка со Европската Банка за Обнова и Развој, позната како “Партнер+” кредит.
Имено, станува збор за кредитна линија наменета за малите и средните претприjатија со можност за грант од 15% финансиран од Европската унија, која се карактеризира со максимален износ на поединечен кредит до 1 000 000 евра, грејс период до 12 месеци, конкурентна каматна стапка, минимален рок за враќање на кредитот – 18 месеци и максимален рок за враќање на кредитот – 10 години, како и 15% грант пресметан на износот на финансираната инвестиција, овозможен од Европската унија. Дополнителен бенефит е користењето на бесплатни консултантски услуги од страна на стручни консултанти, ангажирани од ЕБРД, што придонесува и за повисоко ниво на квалитет на проектите финансирани со Партнер + кредитната линија.
Во текот на вчерашниот ден во Охрид се одржа трета работилница по ред, организирана од Охридска Банка, со цел подобро запознавање на претставниците на малите и средни претпријатија со поволностите на Партнер + кредитот, На работилницата преку панел дискусија на која учествуваа преставници од Охридска банка и претставници на стручните консултатни од проектот за поддршка на конкурентноста на МСП, како и директна дискусија со присутните претставници на малите и средни претпријатија, беа споделени детални информации за начинот и процесот на апликација и одобрување на кредити од кредитната линија Партнер +. Претходно вакви работилници се одржаа во Скопје и Штип.
Преку одржаните работилници досега, над 150 претставници на мали и средни претпријатија се запознаа со можностите за зголемување на инвестициите во рамки на своите компании преку користење на оваа поволна кредитна линија.
Повеќе информации за Партнер+ кредитот, за правни лица може да причитате на веб страницата на Банката, во мрежата на експозитури на Охридска Банка, како и на Контакт центар 02 15 050.
Комерцијален текст
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА