Велшкиот клуб Кардиф Сити се соочува со забрана за трансфери во три прозорци, доколку клубот не му ја исплати на Нант првата рада од трансферот на Емилијано Сала кој требаше да вреди 15 милиони фунти.
Сала го загуби животот во авионска несреќа во јануари годинава кога од Нант замина за Кардиф каде требаше да потпише договор со Кардиф. Велшкиот клуб ќе мора да му исплати на Нант 5,3 милиони фунти, доколку не сака да добие забрана за трансфери од Светската фудбалска федерација (ФИФА).
Доколку се случи казната, тимот од Чемпионшип нема да смее да купува фудбалери во следните два зимски трансфер периоди, како и во летниот трансфер период во 2020 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА