Кардиф му ја исплати првата рата на Нант за Емилијано Сала

Кардиф Сити му ја плати првата рата на францускиот прволигаш Нант за трансферот на аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала, кој загина во авионска несреќа пред четири години. Аргентинецот почина над Ла Манш во јануари 2019 година, кога патуваше од Франција за Кардиф.

Велшаните тврдеа дека 28-годишниот Сала официјално не бил нивни играч кога загина и одбија да платат отштета од околу 15 милиони евра. Аргентинецот веќе беше во Велс, ги помина лекарските прегледи, го потпиша договорот, но се врати во Франција за да се збогува со поранешните соиграчи. Почина на враќање во Кардиф.

Светската фудбалска федерација (ФИФА) потоа го казни Кардиф со забрана за трансфери во следните три преодни рока, а потоа Велшаните поднесоа жалба до Судот за спортска арбитража. Тричлениот панел на ЦАС ја разгледа жалбата во Лозана на крајот на минатата година и одлучи дека Кардиф мора да плати компензација.

Велшаните сега го платија првиот дел, а се шпекулира дека е околу седум милиони евра. Но, Кардиф поднесе жалба и против пресудата на ЦАС до швајцарскиот федерален суд, а пресудата се очекува во февруари оваа година.

Кардиф моментално е 20. во Чемпионшип, два бода над зоната за испаѓање од втората лига на англискиот фудбал, додека Нант е 15. во Лига 1, четири бода над зоната за испаѓање.

Се вчитува...