Кардиф се враќа во Премиер-лигата

Кардиф повторно ќе биде дел од елитното англиско фудбалско друштво откако велшкиот клуб успеа да го осигура второто место на табелата во Чемпионшип-дивизијата.

Вулверхемптон уште пред извесно време го осигура првото место, а Кардиф се до денешното последно коло водеше битка со Фулам. Фудбалерите на Кардиф денеска ремизираа 0-0 на домашен терен против Ридинг, но за нивна среќа Фулам загуби во Бирмингем со 3-1, па Велшаните се задржаа на втората позиција.

Само за потсетување, од Премиер-лигата сигурно испаѓа Стоук, на чудо се надева ВБА, а битка за опстанок до последното коло ќе водат Свонси и Саутемптон.

Се вчитува...