Американскиот кошаркар Стеф Кари обожавал додека играл заедно со Немања Бјелица. Двајцата ги бранеа боите на Голден Стејт Вориорс во сезоната 2021/22, кога тимот на Стив Кер ја освои титулата во НБА.
По средбата меѓу САД и Австралија во Абу Даби (98-92), Кари се присети на тој период, но и на Бјелица.
„Бјелица беше мој омилен соиграч, сигурно. Тој беше момче кое уживаше во играњето кошарка. Ни даде се што имаше. Беше одлично што освоив шампионска титула со него. Го следев многу пред да играм со него. Тој е едноставно одлично момче. Очигледно тоа беа одлични спомени за нас“, рече Кари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА