Кари дојде да го гледа Меси, но доби непријатности од навивачите (ВИДЕО)

Кошаркарот на Голден Стејт Вориорс, Стеф Кари го следеше натпреварот помеѓу Лос Анџелес и Интер Мајами.

Лос Анџелес, кој беше домаќин во првиот натпревар од четвртфиналето на Купот на шампионите на КОНКАКАФ, победи со 1-0 и со предност патува во Мајами.

Натпреварот од ложата го следеше Стеф Кари, кој важи за пријател на фудбалерот на Мајами, Лионел Меси.

Кога во 29. минута се појави на големиот екран на стадионот, доби свирежи од навивачите. Но, тој не остана должен, туку им возврати.

 

Се вчитува...