Стеф Кари одигра нов фантастичен натпревар, постигнувајќи 12 обиди за три поени на натпреварот против Портланд за вкупно 48 поени со што го престигна легендарниот Мајкл Џордан кога станува збор за натпреварите со над 40 поени за кошаркари кои имаат над 30 години.
Сепак овој факт не го воодушеви Кари бидејќи неговиот тим претрпе 14-тиот пораз во сезоната.
„Само кул признание и долговечност. Очигледно, би сакал да го прославам со победа, но секогаш кога правите нешто со одредени имиња во оваа лига, историски гледано, тоа дефинитивно значи нешто“, изјави Кари по натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

