Плејмејкерот на Голден Стејт Вориорс, Стеф Кари, ќе го пропушти првиот натпревар од плејоф серијата во Западната конференција против Денвер Нагетс, потврдија од клубот од Сан Франциско.
Серијата меѓу овие два тима треба да почне во ноќта меѓу сабота и недела. Според Вориорс, Кари се опоравува од повредата на стапалото, но се уште не е подготвен да се врати на паркетот.
Кари се повреди на натпреварот против Бостон и ги пропушти последните 12 натпревари во лигашкиот дел од сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

