Ѕвездата на Голден Стејт Вориорс Стеф Кари открива дека имал симптоми на коронавирус уште пред да биде суспендирана НБА лигата. Руди Гобер беше првиот кошаркар во НБА кој беше позитивен на Ковид-19, но сепак не бил првиот кој бил тестиран.
„Одиграв прв натпревар по пауза поради скршеница на раката, а по мечот веднаш чувствував симптоми на вирусот. Имав висока температура, не ми беше воопшто добро. Моите први мисли беа, дали е ова можно? Таа вечер беше како кошмар. Тоа искуство ме погоди многу. Имам среќа да се занимавам со нешто што го сакам, но има луѓе на кои сега им е потребна голема помош“, изјави Кари.
Стеф Кари трипати ја освојуваше титулата во НБА лигата, а двапати беше избран и за најкорисен играч во регуларниот дел од сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА