Кари незапирлив, Голден Стејт врати „брејк“ и израмни на 2-2 (ВИДЕО)

Кошаркарите на Голден Стејт израмнија во финалната серија на НБА лигата. Во четвртиот натпревар Голден Стејт како гостин славеше кај Бостон со 107-97.

Се играше израмнето се до самиот крај, а предноста „Вориорс“ ја направија во последната минута. Ниту една од екипите немаше повеќе од седум поени предност во текот на целиот натпревар, се до последните минути кога Кари со слободни фрлања го однесе својот тим во недостижна предност.

Токму Кари уште еднаш беше најдобар играч на средбата. Постигна неверојатни 43 поени, десет скока и четири асистенции.

Финалната серија сега се враќа на теренот на Голден Стејт. Петтиот натпревар на распоред е понеделник кон вторник во 3 часот по македонско време. Шестата се игра во Бостон, а потоа ќе се знае дали ќе има уште мечеви во серијата.

Се вчитува...