Најдобриот стрелец на сите времиња Стеф Кари има јасни деловни планови за тоа што сака да прави по завршувањето на кариерата. Неговиот план е еден ден да стане сопственик на НБА тим.
Неговата идеја е да тргне по стапките на легендарниот Мајкл Џордан кој долго време сопственик на Шарлот, но во меѓувреме го продаде за 3 милијарди евра.
„Заинтересиран сум да поседувма НБА тим. Го видов Џордан како го прави тоа, и знам дека има играчи во НБА во моментов кои веќе ги преземаат неопходните чекори да станат сопственици на НБА тимови. Исто така се размислува за проширување на лигата, и дефинитивно размислувам да бидам сопственик. Но, пред мене имам уште многу да постигнам пред да станам нешто друго во НБА“, изјави Кари кој го продолжи договорот со Голден Стејт до 2027 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА