Голден Стејт Вориорс ги победија Хјустон Рокетс со 104-93 во Сан Франциско изминатава ноќ во НБА лигата, па поведоа со 2-1 во серијата од првото коло на Западната конференција.
Најзаслужен беше Стеф Кари. Плејмејкерот на Голден стејт имаше 36 поени, 7 скока и 9 асистенции. Тој шутираше 12/23 од поле, имаше 5/13 за тројки, а имаше и една украдена топка и две блокади.
Но, од дуелот остана забележан еден интересен детаљ. По многу контакти и физички цврста игра од двете страни, Стеф Кари за момент го загуби трпението. Во изолација, Џабари Смит го „почувствува гневот“ на Стеф Кари, па ја даде топката а Кари понатака го „изрешета“ Хјустон.
Steph: “Give me the ball”
*proceeds to cook Jabari Smith Jr.* pic.twitter.com/ZrP3Kroqdc
— Underdog (@Underdog) April 27, 2025
Покрај своите 36 поени, Кари имаше поддршка и од Бади Хилд со 17 поени, додека Гари Пејтон Џуниор заврши со 16 поени, а Брендин Подзиемски имаше 10 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА