Кари: Секој натпревар на ЛОИ е како НБА плејоф

Еден од најдобрите шутери во историјата на кошарката, Стеф Кари за прв пат настапи со репрезентацијата на Соединетите американски држави настапи на Олимписки игри па за медиумите го сподели искуството.

Кошаркарот на Голден Стејт Вориорс вели дека секој натпревар во Париз е како натпревар од плеј-офот во НБА лигата, но поголем предизвик е прилагодувањето на соиграчите.

„Секој натпревар е како плеј-оф натпревар. Различни димензии на теренот, помалку време од 48 на 40 минути, физичка игра. Но, најголемото прилагодување кое треба да го направиме е да се навикнеме на различните предности кои ги имаме како индивидуи. Овој тим постојано да тренира заедно ќе имам силна хемија и тогаш нема да има потреба да говорам на таа тема“, вели Кари.

Се вчитува...