Двојниот светски шампион во Формула 1, Фернандо Алонсо, не е задоволен од тоа како се одвиваат работите во Мекларен и можно е наскоро да ја заврши кариерата во Ф1. Од неколку старни стигнуваат такви најави.
Викендов, делегација на Мекларен предводена од Зак Браун и менаџерот на Алонсо, Луис Гарсија Абад престојувала во Детроит и можно е Шпанецот да биде во центарот на амбициите за Мекларен за атак на Индикар 2019.
Крајот на Алонсо во Ф1 го најави и поранешниот тенисер, сега коментатор на Скај спортс, Мартин Брендал обелодени дека Алонсо лично му го потвдрил тоа.
„Фернандо е во период во кој би сакал да во подруга позиција. Тој сака да се бори за победи, титули, подиуми, па логично е дека не е премногу среќен од сегашната позиција“ – вели Брендл.
Следната трка во годинашниот Ф1 шампионатот ќе се вози на 10 јуни во Монтреал за ГН на Канада.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА