Данската ѕвезда Кристијан Ериксен има шанси да му се врати на фудбалот во Италија како член на Интер, а сето тоа ќе зависи од лекарските прегледи после операцијата на срцето во текот на идниот месец во неговата земја.
Кристијан за моменти ги замрзна срцата на фудбалските фанови откако доживеа срцев удар и колабираше на првиот меч за Данска против Финска на Евро 2020 во Копенхаген, по што итната реакција на соиграчите и лекарскиот тим му го спаси животот, па УЕФА ги награди неодамна со престижната „претседателска награда“. После страшниот инцидент, Ериксен заврши на операција и му беше вграден удрес под името „ИЦД“, т.е. мини дефибрилатор кој го регулира отчукувањето на срцето.
Но поради ова, во Италија не може да игра фудбал, ниту во Англија и во моментов единствено решение му е да се врати во Ајакс, каде со ваков дефибрилатор игра Далеј Блинд, холандскиот репрезентативец. Но, Ериксен пред да донесе конечна одлука, прво ќе се обиде да види што лекарите ќе му кажат на прегледите идниот месец, па наскоро се очекува да биде познато се’ за кариерата на Ериксен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА