Човекот кој го откри, го водеше низ младинските категории, му даде шанса во Торо Росо во 2007 година и го надглегуваше во освојувањето на четирите Формула 1 титули, Марко Хелмут твдри дека за Себастијан Фетел веќе нема место во Ферари.
„Ферари успеа да не победи иако го имаше најбрзиот возач. Тој беше најбрз на патеката, но тие решија да го жртвуваат. За него веќе нема место во Ферари“ – вели Хелмут.
Оваа изјава доаѓа по случувањата на трката во Сочи кога Фетел ја одби тимската наредба да го пропушти помладиот колега Шарл Леклер. Актуелниот советник на Ред Бул вели дека Фетел беше посрамотен од тимот. Тој открива дека на Ветел пред трката му било сугерирано дека ако во случај се пробие на првата позиција ќе треба да отстапи во корист на Леклер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА