Кариерата на Лука Модриќ во Реал Мадрид е завршена

Голема е веројатноста дека по 13 години поминати на „Сантијаго Бернабеу“, Лука Модриќ со крајот на сезоната ќе замине од Реал Мадрид. Договорот на Хрватот истекува и за разлика од минатото, овој пат нема да биде продолжен, пренесуваат шпанските медиуми.

Турболентната сезона исполнета со големи предизвици овој пат не му оди во прилог на 39-годишниот фудбалер па нова сезона во „белиот“ дрес ќе остане само желба.

Покрај на Модриќ не е сигурно ни местото на Лукас Васкез и Давид Алба. Како и Хрватот, и овие фудбалери ја надминуваат старосната граница од 30 години по која Реал Мадрид секоја сезона преиспитува дали тие се корисни за клубот.

Се вчитува...