„Кариерата на Погба е готова, па дури и да ја добие најмалата казна“

Поранешниот француски репрезентативец Самир Насри, зборуваше за можната суспензија на неговиот сонародник Пол Погба. Играчот од средниот ред падна на допинг тест пред неколку дена, и сега чека да се види дали и колку ќе биде суспендиран.

Насри кажа дека Погба би можел да ја добие и најмалата суспензија, но и покрај тоа неговата кариера готова.

„Фудбалерите се запознаени со сите лекови, или неговиот лекар немал доволно квалификации. Не знам дали е виновен, и не знам што размислувал и што побарал од докторот. Но, и покрај се мислам дека нема да биде суспендиран на четири години. Сметам дека ќе добие суспензија од една година. Тогаш може да заборави на кариерата на највисоко ниво. Сигурно дека многу ќе влијае. Можеби ќе се врати на фудбалот, но нека заборави на кариера каква што имал“, рече Насри.

Се вчитува...