Францускиот интернационалец Карим Бензема и официјално го продолжи договорот со Реал Мадрид до 2021 година. Тој дојде на „Сантијаго Бернабеу“ како млад фудбалер од Лион во 2009 година, и ќе остане повеќе од една деценија во „кралскиот клуб“.
Бензема ќе добие зголемување на годишната нето плата од 7,5 милиони евра, а отштетната клаузула ќе изнесува фантастични една милијарда евра. Со ова Реал Мадрид ги заштити своите најдобри фудбалери со нови откупни клаузули, откако ПСЖ ова лето ја „нападна“ Барселона и го откупи Бразилецот Нејмар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА