По само неколку месеци во Саудиска Арабија, Карим Бензема повторно би можел да се врати на Стариот континент, овој пат во дресот на Челси.
Иако има 36 години францускиот напаѓач се уште е желба на најдобрите европски клубови. Откако Ал Итихад го исфрли од подготовките за продолжението во првенството, Бензема не крие дека сака да го напушти и клубот па веднаш во акција се впушти Челси кој сака да го види во своите редови.
Како што пишува „Телеграф“, Покетино сака да го засили нападот на тимот а Бензема го гледа како идеално решение за своите проблеми.
Поранешниот напаѓач на Реал Мадрид во моментов е во незавидна ситуација во Саудиска Арабија. Не се појави на подготовките на тимот, а тренерот Марсело Гиљардо порача дека нема да смета на него. Саудијците тврдат дека Бензема, сепак, дополнително ќе се приклучи на тимот, но очигледно е дека францускиот офанзивец е заситен од се па и од бројните навреди од навивачите кои го обвинуваат за лошите игри на тимот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА