Муабетот за враќање на Карим Бензема во европскиот фудбал почнува да станува се погласен.
Францускиот напаѓач има договор со Ал Итихад до следното лето, а доколку не дојде до продолжување на соработката, од јануари ќе може да преговара со други клубови и да биде „заробен“ со преддоговорот.
Како што пишува турски Фотомак, Фенербахче сериозно размислува за Карим Бензема. Истанбулскиот великан не ја отвори сезоната како што замислуваше, а Доменико Тедеско им порача на раководството дека му треба подобар центарфор.
И затоа се подготвуваат да контактираат со агентите на францускиот фудбалер, за да видат под кои услови би можеле да го доведат.
Во Фенер се подготвени да се откажат од Џон Дуран кој не ги оправда очекувањата и патем има проблеми со повреди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

