Кариус конечно херој, а не трагичар: Извонредни одбрани за спас на Бешикташ од пораз

Бешикташ ремизираше без голови на гостувањето против Аланијаспор во 15. коло од Суперлигата на Турција.

И, можеби зачудувачки, но херој на Бешикташ беше голманот Лорис Кариус. Тимот од Истанбул ќе се вратеше дома и без бод да не беше токму Кариус.

Кариус изминатово лето го напушти Ливерпул по бројните киксеви кои ги имаше за овој клубот, од кои секако сите ги паметат оние од финалето на ЛШ. Но, ништо подобар не беше досега и во Бешикташ.

Сепак, денеска е апсолутен херој на својата екипа. Запиша две извонредни интервенции и спаси два сигурни гола. Посебно се издвојува неговата одбрана во судиското продолжение со која спречи пораз на својот тим…

Се вчитува...