Олимписката легенда Карл Луис јавно истакна дека претседателот на САД, Доналд Трамп е расист и женомразец. Тој ова го потенцираше во перуанскиот град Лима каде се одржуваат Панамериканските игри.
„Имаме претседател кој е расист и женомразец, кој не почитува никого освен самиот себе“, изјави Луис на прашањето за борбата против разликите меѓу луѓето. „Мајка ми беше пионер, родителите ми беа учители и ме учеа дека секој заслужува еднакви можности“, изјави деветкратниот олимписки шампион.
Тој се залага и за еднаква заработка на атлетичарите и атлетичарките.
„Се разбира дека сум за еднакво плаќање на атлетичарите. Треба да се бориме за правата на луѓето и меѓусебно да се почитуваме“, дополни еден од најдобрите атлетичари на сите времиња.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА