Српската пејачка Јелена Карлеуша не се воздржуваше да ги коментира актуелните случувања за кои говори целиот свет, па реши да го каже своето мислење на темата фудбалерот Ашхраф Хакими и неговата сопруга Хиба Абук.
Карлеуша на својот Инстаграм објави долг текст за скандалот кој ја зафати брачната двојка, а се осврна и на проблемите кои, како што вели, ги мачат сите мажи.
– Што се случи со нашите луѓе? Гледам, толкав ентузијазам за овој Хакими што, според медиумите, тој ги префрлил сите приходи од клубот на мајка му, па сопругата нема да добие ниту цент пред разводот. Да додадеме патем дека неговата сопругата (и мајката на нивните деца) поднесе барање за развод поради тужба за силување поднесена против нејзиниот сопруг од страна на 24-годишна девојка. И да не ја силувал девојката, сигурно бил со неа, а тоа никој не го оспорува. Сопругата поднесува барање за развод што би го направиле многу жени, и? Што се случува? Најголема глупост е што Хакими сиот имот и плата и го дал на мајка си. Да те научам, не може да се даде плата на никој друг освен на тој што ја заработува. Според законот, тој плаќа данок на тоа. На заработката. Не неговата мајка. Дали подоцна ги префрлил парите на мајка му, на Бог или на некој друг е сосема неважно“, напиша Карлеуша.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА