Продолжува „сапуницата“ меѓу репрезентативецот на БиХ и член на Андерлехт, Огњен Врањеш и српската пејачка Јелена Карлеуша.
По објавените експлицитно голи фотографии од Србинката на социјалните мрежи за кои самата тврди дека се фотомонтажа, сега Карлеуша жестоко се закани кон Врањеш за кого мисли дека е нарачател на објавените фотографии…
„Ти црву мал, нема фудбал да заиграш никогаш, ниту во еден клуб ниту во босанската репрезентација. Сите знаат дека си шизофрена будала, не му требаш никому! Сите те презираат затоа што си фашистичко расистичко гомно! Ти црву болен можеш да монтираш слики и се што сакаш ама нема да ми го растуриш бракот, а така силно го сакаше тоа. Но како што му наштети на моето семејство, така се ќе се врати на твоето. Бегајте! Иселете се црву! Брзо! Душко Тошиќ за тебе црву е некој не си му ниту до колена. Човечиште. Ти си црвче и пи.ка желна за слава. Мој совет ти е да се убиеш одма! Одма! Да ти е.ам тоа семе зло девијантно. Ти си го заврши своето“ – напиша Карлеуша на својот Инстаграм профил.
Но, по социјалните мрежи и натаму, преку компарации на нејзини фотографии, се тврди дека сите оние експлицитни слики се автентични. Дури се појави и видео снимка на која Карлеуша и Врањеш заедно се шетаат по Атина, и покрај тоа што српската пејачка тврди дека никогаш немала контакт со него…
На сета оваа „сапуница“ реагираше и белгиски Андерлехт од каде побарале Врањеш да запре со медиумскиот циркус, во спротивно клубот ќе мора да го санкционира.
А, во меѓувреме Врањеш најави и ангажирање адвокатски тим кој ќе реагира на заканите и навредите кои Карлеуша јавно ги објавила кон него.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА