Карлик Џонс, и официјално, останува во Партизан – Пењароја порача: „Добро ќе им објасни на сите…“

Партизан и официјално објави дека го продолжува договорот со својот најдобар кошаркар, Карлик Џонс.

Црно-белите се огласија на социјалните мрежи по поразот од Жалгирис во Евролигата, откривајќи дека одличниот плејмејкер потпишал нов договор со клубот.

По неколкумесечни преговори, Џонс се согласи да ја продолжи соработката до 2028 година.

Оваа сезона во Евролигата, тој има просек од 15,6 поени и 4,5 асистенции.

Откако се приклучи на клубот, тој со тимот го освои трофејот во АБА лигата по триумфот над Будуќност во финалето од минатата сезона.

Околу продолжувањето на договорот на Карлик Џонс синоќа со став и тренерот на Партизан, Пењароја.

„Мислам дека е важно клубот тоа што го задржа еден од најважните играчи на Евролигата. Тој може добро да им објасни на сите како да се натпреваруваат во Партизан следната година“, рече Пењароја.

Се вчитува...