Кошаркарот Карлик Џонс, го продолжи договорот со Партизан на уште две години. Според информациите од српските медиуми, репрезентативецот на Јужен Судан ќе има загарантирани 2,5 милиони евра по сезона. Договорот би можел да се продолжи на уште една година, ако се исполнат некои услови.
Карлик се повреди на почетокот на сезоната и тоа во голема мера ја одреди лошата сезона на Партизан во Евролигата. По неговото враќање, црно-белите блескаат и израмнија во серија од шест триумфи.
Џонс оваа сезона во Евролигата има просек од точно 16 поени со 2,9 скока, 4,7 асистенции и 0,8 украдени топки.
Во февруари беше прогласен за најдобар играч во најсилното европско клупско натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

