Репрезентативецот на Јужен Судан, Карлик Џоунс ги прокоментира гласините за можно заминување од Партизан со крајот на сезоната и покрај тоа што има важечки договор со евролигашот и за сезоната 2025/26.
Плејмејкерот беше поврзуван со премин во еврлигашкиот шампион Фенербахче, но истиот ја отфлри можноста велејќи дека тоа се само гласини.
„Гледам што се пишува во медиумите, но не обрнувам внимание на тоа. Концентриран сум на крајот на сезоната и освојувањето на титула Не знам ништо за интересот од Фенербахче, ниту за било што друго што се споменува. Не губам фокус. Тоа се само гласини. Некои од нив се и многу смешни. Сакам да им кажам и на навивачите да не даваат многу внимание на нив, среќен сум тука и концентриран сум на овој тим. Ќе уживам во финалето“, изјави Џоунс за српските медиуми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

