Карлик Џонс одигра феноменално дерби, со 20 поени единствениот двоцифрен играч во својот тим. Но, сето тоа беше недоволно за победа против Црвена Звезда (71-73). Со овој пораз Партизан направи голем чекор назад во борбата за плеј-оф, или плеј-ин во Евролигата.
Веднаш по натпреварот, репрезентативецот на Јужен Судан, видно вознемирен коментираше дека одлуката на судиите да доделат три слободни фрлања за Недовиќ преку кои Црвена Звезда дојде до победата, била погрешна.
„Што се однесува до мене, тоа не беше прекршок, иако не сакам да ја омаловажам победата на противникот. Дефинитивно не се согласувам со одлуката на судиите, но сега не можеме ништо да направиме за тоа“ – нагласи Џонс.
Партизан дозволи многу офанзивни скокови на противникот. Тоа во голема мера го чинеше победа.
„Тежок пораз. Накратко, мислам дека тие ја сакаа победата повеќе од нас. Тие се бореа и му дадоа дополнителен посед на својот тим, играа поборбено и мислам дека тоа не чинеше победа. Не можете да му дозволите на вашиот противник толку многу офанзивни поседи“.
Огромен товар за црно-белите беше и тоа што Тајрик Џонс и Стерлинг Браун многу рано влегоа во проблеми со прекршоците.
„Не можеме да го контролираме начинот на судење. Не можевме да ги избегнеме тие технички грешки. Треба подобро да контролираме одредени работи на теренот, тоа е клучно за вакви натпревари“ – заклучи Џонс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

