Карлик за разликата меѓу Обрадовиќ и Пењароја: Помалку пцуе и…

Тешката повреда на Карлик Џонс и неговото долго неиграње се смета за главна причина за катастрофалните игри на Партизан кои придонесоа Жељко Обрадовиќ да го напушти кормилото на „црно-белите“.

Одличниот плејмејкер во меѓувреме се врати на терените и ја презеде лидерската улога во екипата, а по денешниот триумф над Цедевита Олимпија во АБА-лигата Џонс доби интересно прашање – да каже која е разликата меѓу поранешниот и сегашниот тренр на „црно-белите“.

„Слични се. Пењароја е можеби малку помалку интензивен во пристапот. Помалку пцуе и помалку се црвенее. Сепак, и тој знае да биде жесток, да покаже фрустрации кога не ги правиме работите онака како што сме договорени“, прокоментира Карлик Џонс.

Се вчитува...