„Карлитос-манија“ во Кина: Не очекував вакво нешто (ВИДЕО)

Младиот шпански тенисер Карлос Алкараз е во Пекинг каде е еден од кандидатите за освојување на мастерсот во главниот град на Кина. За 20-годишникот тоа е прв настап во оваа држава каде наиде на голема поддршка од локалните љубители на „белиот спорт“.

На тренигот на Шпанецот се појавија голем број на навивачи кои го скандираа неговото име, сцена која го изненади и самиот Акараз.

„Од загревањето трибините беа полни. Го извикуваа моето име, ме поддржуваа. Многу од нив викаа на шпански „Вамос Карлитос“. Не сум доживеал вакво нешто, но преубаво е чувството. Навистина не очекував такво нешто“, изјави Алкараз.

Се вчитува...