Карло Матковиќ е најновиот претставник на Балканот во НБА лигата откако хрватскиот репрезентативец потпиша тригодишен договор со Њу Орлеанс Пеликанс вреде 4.9 милиони долари.
Дваесетитригодишникот не настапи за хрватската репрезентација во квалификациите за Летните олимписки игри во Париз на турнирот во Атина со цел да обезбеди договор во НБА лигата преку настапите во Летната лига и успеа во тоа.
208 сантиметри високиот центар ќе биде вкупно 22. хрватски кошаркар кој настапил во НБА лигата, а се очекува да биде четвртиот активен Хрват „преку барата“ во новата сезона заедно со Дарио Шариќ, Бојан Богдановиќ и Ивица Зубац.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА