Поранешниот американски тенисер Енди Родик смета дека Карлос Алкараз е главен фаворит на Вимблдон.
Алкараз пристигнува во Лондон по сериј од 18 победи и три титули во Рим, Ролан Гарос и Квинс.
Родик истакнува дека двократниот победник на Вимблдон би бил главен кандидат за трофејот и без фактот дека го освои Квинс пред неколку дена.
„Мислам дека тој е голем фаворит, не би се обложувал против него. Видете, се може да се случи. Синер ќе биде опасен, да не заборавиме, тој се уште е добар како некогаш. Тој е светски рекет број еден. Најдобриот играч во светот некое време, особено на тврда подлога“, изјави Родик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

