Карлос Алкараз не сака да биде споредуван со „големата тројка“ на тенисот

Младиот шпански тенисер Карлос Алкараз не сака да биде во сенка на најголемите тениски асови во историјата, обелодени во интервју за шпанскиот медиуми „GQ“.

Алкараз сака да изгради свој пат, а и покрај тоа што цели да биде најдобар на светот, не е опседнат со тоа. Како што вели, исто е среќен и сега и кога беше на првото место на ранг листата.

„Не сакам споредувања, но комплимент е кога ќе те стават во иста реченица со најголемите играчи на сите времиња. Јас сум Карлос Алкараз и намерувам да имам свој пат. И ништо повеќе“, изјави најмладиот тенисер во историјата кој бил прворангиран.

„Секогаш говорам дека сакам да бидам најдобар во историјата, но не сум опседнат со тоа. Пред неколку години бев прв и бев среќен. Сега сум трет и поеднакво сум среќен. Уживам во мојот пат, во спортот и во животот“, изјави Алкараз.

Се вчитува...