Аргентинскиот фудбалер Карлос Алкараз, денеска треба да го комплетира договорот со Јувентус, и да потпише за торинскиот клуб. Агентот на играчот веќе имал останок со челниците на Јувентус, и сите детали се договорени, останува само потписот.
Алкараз ќе дојде во Јувентус како позајмен играч до крајот на сезоната, со опција да биде откупен за 40 милиони евра на крајот од сезонта.
21-годишниот Алкараз е играч од средниот ред кој е во Саутемптон од 2023 година. Претходно беше дел од Расинг. Во октомври минатата година доби повик за сениорската репрезентација на Аргентина против Парагвај и Перу, но не доби шанса да настапи за репрезентацијата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА