Карлос Алкараз се повлече од мастерсот во Мадрид

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз на шпанските медиуми им ја соопшти веста од која организаторите на најмногу се плашеа. Младиот Андалузиец ќе мора да мирува поради повреда на бутот, па поради тоа нема да настапи на турнирот во главниот град на Шпанија.

Минатогодишниот победник на Ролан Гарос и Вимблдон требаше за две недели да игра во Рим, а сега и тој настап е доведен во прашање.

Карлос Алкараз минатата недела учествуваше на домашниот турнир од АТП серијата 500 во Барселона и загуби во финалето од Данецот Холгер Руне, по што почувствува дека телото го издава. Во текот на натпреварот имаше големи проблеми.

Оваа недела тој инаку беше присутен во Мадрид, присуствуваше на доделувањето на наградата Лауреус и присуствуваше на премиерата на неговата документарна серија на Нетфликс, но за жал нема да може да настапи на турнирот во главниот град на Шпанија.

Се вчитува...