Напаѓачот на Милан, Карлос Бака, се сели во редовите на Виљареал на едногодишна позајмица, со опција шпанскиот клуб да го откупи следната сезона за сума од 18 милиони евра. Колумбиецот долго време беше поврзуван со кам-бек во Севилја, но нивниот ривал од Шпанија беше поупорен во остварувањето на трансферот. Виљареал пред неколку дена остана без Роберто Солдадо, кој кариерата ја продолжи во Фенербахче, па „жолтата подморница“ мораше брзо да реагира на пазарот, а идеалното решение го најдоа во 30-годишниот голгетер.
Бака отпадна во втор план кај Монтела откако Милан комплетно го обнови тимот. Пристигнаа дури 11 фудбалери, а се очекува новите газди да доведат уште едно звучно име пред крајот на трансфер периодот. Репрезентативецот на Колумбија во неговата втора сезона во дресот на „росонерите“ постигна 14 гола на 34 натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА