Карлос Бака во 88. минута донесе победа за Милан

По двата едноподруго дуели без триумф, Милан дојде до победа во 19. коло од Серија А славејќи со 1-0 против Каљари на домашен терен.

„Миланезите“ до трите бода стигнаа благодарение на погодокот на Карлос Бака во 88. минута од средбата.

Carlos Bacca Goal HD – Milan 1-0 Cagliari 08… by gashieliesaa

Каљари претходно успеа да постигне гол преку Маурицио Исла, но истиот беше поништен поради офсјад позиција.

По овој триумф, Милан со 36 бода се проби на петтата позиција на табелата, со само еден бод помалку од четвртопласираниот Лацио, а бод повеќе од Аталанта која е на шесттото место.

Се вчитува...